Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Антоан Гризман војува само во соблекувалната на Барселона од пристигнувањето на „Камп Ноу“. Аргентинецот Лионел Меси не го прифати најдобро Французинот во екипата, а на Гризман му дојде преку глава кога во мечот против Атлетико Мадрид влезе во игра во 90. минута.
Поради тоа Гризман, преку својот агент, побара итен состанок со клубот за да разговара и да дознае дали воопшто им е во плановите за иднината.
Ситуацијата ја следи Кристоф Дугари, кој безмилосно го навреди Меси.
„Од што се плаши Гризман? Од дете од 150 см кое е полу-аутистично? Треба да покаже ма*иња. Ако има проблем Меси, тогаш треба да го каже тоа“, кажа Дугари во изјава за француските медиуми.