Од љубов до војна: Шакира му понуди милиони на Пике, а фудбалерот збесна поради условите!


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Легендата на Барселона, Жерар Пике се раздели од атрактивната пејачка Шакира по 12-годишна љубовна врска, па сега меѓу нив се води војна.

Најмногу поради децата затоа што пејачката сака да ги земе во Мајами, додека дефанзивецот на Барселона не ги пушта да заминат од Каталонија.

За да успее во намерата, Шакира му понудила 2,5 милиони евра колку што должи Пике за данок во Шпанија, но тој се изнервирал кога ја слушнал понудата.

„Шакира сака да ги земе децата во Мајами. Му понуди на Пике да ги посетува по пет пати годишно и таа ќе ги плаќа неговите летови во прва класа. Децата на лето можат да бидат со него, а тој не мора да ѝ плаќа алиментација“, пишува шпанска „Марка“.

Пике ја одбил понудата и кажал дека ќе разговара со адвокатите за да најде подобро решение.