Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед ќе проба да купи нови играчи во јануарскиот преоден рок.
Веста ја потврди помошникот на Оле Гунер Солскјер, Киеран Макен.
Според неговите зборови, Црвените Ѓаволи имаат за цел да се вратат таму каде што припаѓаат и потребна им е интервенција на пазарот.
Откато Сер Алекс Фергусон во 2013. го напушти Олд Трафорд, Јунајтед е „мртов“, а до титула не успеаа да го доведат ниту Мојс, ниту Ван Гал, ниту Мурињо на местото на кој пред една година дојде Солскер.
„Ние ќе растеме како тим и ќе го развиваме. Ќе доведиме нови играчи кои ќе можат да му помогнат на овој тим во иднина. Секој во клубот мисли дека сме на добар пат“, изјави Макен.
Манчестер Јунајтед моментално го завзема шестото место во Премиер Лигата со 25 бодови и сеуште не е конкурентен во борбата за Лигата на Шампионите.