Од Манчестер Сити ги исмеваа натписите околу доаѓањето на Меси во нивниот клуб


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Дали трансферот на Лионел Меси од Барселона во Манчестер Сити конечно ќе се случи. Ова е наслов на една од вестите кои се објавени утрово на официјалната страница на овој клуб.

Веќе неколку пати се случуваше Меси да го поврзуваат со доаѓање во Манчестер Сити, а Гвардиола секогаш говореше дека е убеден оти Меси нема да ја напушти Барселона.

Сепак, Дејли Мејл, ЕСПН, Експрес и уште неколку медиуми ја пренесоа веста дека после расправијата со Абидал, Меси одлучил да си замине од Барселона.

Токму ова го искористија медиумите и во прв план веднаш го ставија Манчестер Сити како негова нова дестинација.

Се чини дека од Сити одлучиле малку да се нашалат, бидејќи ги исмеваа овие натписи, бидејќи кој би поверувал дека Меси ќе си замине од Барса?