Од Милан со интересен трансфер ова лето, ќе носат фудбалер на Барнли


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од редовите на Милан покажале интерес за играчот од средниот ред на Барнли, Џеф Хендрик кој ќе биде слободен агент по крајот на сезоната.

Хендрик кој е редовен репрезентативец на Република Ирска нема намера да го продолжи договорот со премиерлигашот и во моментов ги разгледува опциите за неговата иднина.

Милан сака да го ангажира играчот и со тоа да се насочи кон ангажман на играчи од Англија со кои ќе го засили својот тим.

За потсетување, во јануари Милан беше блиску до ангажман на Антони Робинсон од Виган, меѓутоа трансферот не се реализира поради проблеми кои излегоа за време на медицинските прегледи.