Од нив ова не го очекуваше: Перишиќ разочаран од потегот на челниците на Баерн


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Интер минатото лето одлучи да го пушти Перишиќ на позајмица во Баерн со надеж дека ова лето ќе го откупат неговиот договор, но тоа нема да се случи. Баварците одлучија Перишиќ да се врати во Интер, бидејќи по доаѓањето на Сане, тој стана вишок во овој тим.

Перишиќ во дресот на Баерн оваа сезона одигра 31 натпревар и постигна шест голови со 10 асистенции. Во екипата ќе остане до крајот на ЛШ, а потоа ќе се врати во Интер, каде сигурно нема да се задржи долго.

Германските медиуми пишуваат дека Перишиќ бил разочаран со потегот на Баварците бидејќи го отпишале од клубот иако било скоро сигурно дека ќе остане. Но, откако Сане пристигна во Баерн се се промени, а набрзо Перишиќ добил известување дека неговиот договор нема да биде откупен.

Наводно, тој кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед како дел од размената за Алексис Санчез. Тој со години се поврзуваше со Црвените Ѓаволи и се чини дека конечно дојде време да оди на Олд Трафорд.