Од отказ во Шпанија и кошмар во Реал Мадрид до прв трофеј во кариерата! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Севилја синоќа освои нов трофеј во Лига Европа, откако во финалето го совлада Интер со 3-2, а така тренерот Хулен Лопетеги ги освои првиот трофеј во кареирата, по што се расплака.

Тоа беа солзи радосници на човекот кој конечно го освои првиот трофеј во сениорска конкуренциија, а тоа за него е уште поважно со оглед на лошите неколку сезони.

Лопетеги во 2018 година требаше да ја предводи репрезентацијата на Шпанија на Светското првенство, но доби отказ пред самиот турнр поради договор со Реал Мадрид.

Го презема Реал, но неговиот голем ангажман се претвори во кошмар, па таму остана само четири месеци.