Од Реал Мадрид до болничка униформа: Се навикнав на луксуз, но…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид имаше голем број промашени трансфери во минатото, а еден од нив е тој на Ројстон Дренте.

„Кралевите“ во 2007 година платија 14 милиони евра на Феенорд за неговите услуги, но Дренте никогаш не ги оправда очекувањата.

Во моментов игра за Рејсинг Мерида во Шпанија, а на лето ќе се врати во Козакен во Холандија, но очигледно 35-годишниот фудбалер знае што ќе работи по пензионирањето.

Дренте сака да одигра уште една година во Холандија, по што сака да ја облече болничката униформа.

„Се навикнав на луксуз во фудбалот, но сега знам што сакам да правам во животот“, кажа Дренте.