Од Реал замина без оштета, а сега стигнува во редовите на градскиот ривал за 30 милиони евра

Атлетико Мадрид договори уште едно засилување во одбраната.

Имено, Еспањол прифати понуда од 30 милиони евра за Марио Хермосо кои ќе бидат уплатени веднаш, а додатни 5 милиони ќе бидат исплатени преку бонуси, иако тој во договорот има клаузула од 40 милиони.

Минатиот месец шпанската Марка пишуваше дека преговорите напреднале, а Еспањол на почетокот не сакал да го продаде под цената што е во клаузулата, но играчот изразил желба да го напушти клубот и на овој начин ги присилил челните луѓе да ја прифатат помалата сума.

Хермосо во 2017. година стигна од Реал Мадрид како слободен играч, а минатата сезона одигра 35 натпревар за овој клуб и беше стрелец на три гола.

Се очекува 24-годишниот штопер да му се придружи на тимот на Атлетико Мадрид во нивната база во Лос Анџелес каде се во тек нивните припреми.