Од Шангај попуштиле, Одион Игало останува на „Олд Трафорд“ до јануари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на кинескиот клуб Шангај попуштиле и сега се отворени да му дозволат на Одион Игало да остане на „Олд Трафорд“.

Нигериецот би останал во Манчестер Јунајтед најмалку до јануари, а потоа ќе биде одлучено дали тој ќе се врати во Кина или ќе направи перманентен трансфер во Манчестер Јунајтед.

Причината за тоа што Шангај сака да го остави Игало во Манчестер Јунајтед е тоа што тој веројатно нема да може да се враќа во Кина во следните месеци поради рестрикциите воведени по пандемијата од коронавирусот.