Од собирач на топки, до дебитант во нокаут фазата во Лигата на шампионите (Фото)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


На „Стемфорд Бриџ“ во моментов играат Челси и Баерн Минхен во својот прв натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите.

Младиот фудбалер на Челси,  Мејсон Маунт натпреварот со Баерн МИнхен го почна од првата минута, а неговиот татко на социјалните мрежи објави навистина интересна фотографија.

Имено, Тони Маунт објави слика на која се гледа младиот Маунт како собирач на топки на една од средбите на Челси во Лигата на шампионите во минатоот.

„Од собирач на топки во Лигата на шампионите, до играч во Лигата на шампионите. Останете фокусирани“ –напиша таткото на Маунт.