Од Тотенхем потврдија дека Сон ќе оди во војска


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Тотенхем Хеунг Мин Сон наскоро ќе започне со служење на задолжителниот воен рок во својата Јужна Кореа.

Сон се спаси од редовниот, 21 месечен воен рок затоа што во 2018 година со својата репрезентација стигна до титулата првак во Азија. Државата тогаш ги награди играчите за глемиот спортски успех со тоа што ги ослободи од служење на воениот рок.

Сепак правилата се такви па говорат дека мора да се отслужи каков таков воен рок, па сега играчот на Тотенхем ќе помине четири недели во војска во својата земја.

„Клубот може да потврди дека Сон ќе го започне задолжителниот воен рок во Јужна Кореа овој месец. Сон ќе се врати во Лондон по завршувањето на воениот рок во мај“ –стои меѓу другото во соопштението на Тотенхем.