Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лидерот во македонскиот фудбалски шампионат, Вардар, упати оригинална порака на своите социјални мрежи.
Имено, од Вардар порачаа да се почитуваат препораките на властите за да се спречи ширењето на коронавирусот и посочија дека тие следат една од препораките.
Имено, од скопскиот клуб ја објавија првенствената табела на која се одлепени далеку пред своите конкуренти и порачаа: „Вардар се придржува на мерките и препораката за заштита и превенција од Ковид-19 дадени од страна на Министерството за здравство и одржува социјална дистанца.“
@FKVardar се придржува на мерките и препоракита за заштита и превенција од #COVID19 дадени од страна на @ZdravstvoMK и одржува социјална дистанца.#ОстаниДома #ЗаштитиСе #CoronaVirus #StayAtHome pic.twitter.com/DywvhKax1p
— FK Vardar (@FKVardar) March 24, 2020