Од затвор во луксузен хотел: Роналдињо се пресели во „домашен“ притвор!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо беше пуштен од затвор во текот на минатата вечер, по 32 дена поминати зад решетки во парагвај.

Заедно со неговиот брат, Роналдињо беше испратен до еден хотел со пет ѕвезди, каде што ќе престојува во „домашен“ притвор и ќе го чека судењето. Тие двајца требаше да останат во затвор шест месеци поради нелегално влегување во земјата.

Со насмевка на лица ги дочека неговите сакани и нивните прегратки, а при влегување во хотелот најпрво мораше да се тестира за коронавирус.

Роналдињо беше пуштен од затвор во 19.30 часот и тоа преку видео-повик на кој судијата му соопшти дека ја донел таа одлука.