Одбојкарите дебитираат на Европско првенство: Сите сакаме победа!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонската одбојкарска репрезентација денеска дебитира на Европското првенство, откако во 17.30 часот ќе го одигра првиот меч на големото натпреварување и тоа против финска.

Македонските одбојкари имаат интересна група, кадешто противници ќе ни бидат Русија, Турција, Белорусија, Данска и Словенија, а само четири селекции ќе обезбедат пласман во осминафинале.

За Македонија на првенството ќе настапат Дарко Ангеловски, Ѓорги Ѓоргиев, Ристо Николов, Никола Ѓоргиев, Владо Милев, Славе Наков, Александар Љафтов, Александар Милков, Филип Деспотовски, Филип Николовски, Иван Андонов, Филип Маџунков, Стојан Илиев, Васе Михаилов.

Фаворит во нашата група е Русија, која воедно е и бранител на титулата, додека Словенија е вицешампион од 2015 година, па се очекува тие две селекции да обезбедат пласман во осминафиналето.