Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џанлуиџи Буфон денес и официјално се врати во Јуве потпишувајќи едногодишен договор.
Во приликата на враќањето дома, легендарниот голман уште еднаш ја покажа својата големина.
Многумина ги интересираше дали Буфон ќе ја носи повторно капитенската лента и ќе ја земе „единицата“, но пресуди големата почит спрема соиграчите.
Шчесни и Киелини му го понудија бројот 1 и да биде капитен на Буфон, но тој тоа го одби.
Буфон се заблагодари на соиграчите и одлучи работите да останат такви какви што беа минатата сезона кога тој бранеше во ПСЖ.
Легендата на светскиот и европски фудбал одлучи да го земе бројот 77, додека капитен ќе остане Киелини.
На Буфон ова ќе му биде 18. сезона во дресот на Јуве во која ќе има една желба, да ја освои Лигата на шампионите.