Оди ли Џејмс во Атлетико? Претседателот на клубот ги отклони сите дилеми


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


По завршувањето на сезоната на Родригез му истече двегодишната позајмица во Баерн и се врати во Реал, меѓутоа на Сантијаго Бернабеу нема мести и последните недели наголемо се работи на негов транфер.

Кралевите не сакаат да го пуштат на позајмица, туку планираат негово продавање, а како потенцијални купци се споменуваат Наполи и Атлетико Мадрид.

И додека преговорите со Наполи не одат баш најдобро, од Атлетико се огласија и ги демантираа написите дека го сакаат Родригез во својот тим.

„Ние сме заинтересирани само за врвни играчи, Џејмс е врвен играч, но далеку сме од негов трансфер. Дали имало преговори? Јас во тоа не сум упатен“, изјави претседателот на Атлетико Енрике Церезо.