Одлични вести за Мареска: Челси наскоро ќе стане уште посилен


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фудбалерот на Челси, Џејдон Санчо се врати на тренинзи, откако ги пропушти претходните четири натпревари на својот клуб поради болест.

Челси објави слика на Санчо од тренинг на социјалната мрежа „Икс“, со опис „враќање во база“.

Санчо не беше во составот за натпреварите во Премиер лигата против Манчестер јунајтед и Арсенал, дуелот од осминафиналето на Лига купот против Њукасл и натпреварот од групната фаза на Лигата на конференции против Ноа.

Санчо, кој е во Челси на позајмица од Манчестер јунајтед, секако не можеше да игра на натпреварот против својот матичен клуб поради правилата на Премиер лигата, а се очекува негов настап против Лестер в сабота.

.