Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешениот репрезентативец на Словенија, Урош Зорман е еден од кандидатите за нов тренер на Вардар, кој ќе се раздели со Роберто Гарсија Парондо.
Парондо заминува од клупата на Вардар, па ќе седне на кормилото на Египет, а според словенечките медиуми Зорман ќе седне на „жешкото“ столче на „црвено-црните“, на кои им претстои ремонт за идната сезона.
Зорман во моментов работи како помошник на Веселин Вујовиќ во словенечката репрезентација, па останува да видиме дали европскиот шампион Вардар ќе го вработи токму него.
Да потсетиме, Вардар вчера стана шампион, откако го победи Веспрем во финалето во Келн со 27-24 и го освои трофејот по вторпат во последните три години.