Одличниот Хари Кејн испиша историја во Лигата на Шампионите и го престигна легендарниот Дел Пиеро


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Тотенхем успеа да ја оствари својата трета победа во оваа сезона во Лигата на Шампионите откако на свој терен успеа да ги порази Олимпијакос со резултат од 4:2.

Тимот на Жозе Мурињо губеше со резултат од 2:0, но тие успеаа да дојдат до пресврт и до победа, а еден од најзаслужните за тоа беше капитенот Хари Кејн кој постигна два погодоци.

Напаѓачот на Тотенхем со овие два погодоци успеа да се запише во историјата на Лигата на Шампионите со тоа што стана играч кој најбрзо стигна до 20 погодоци во ова натпреварување.

Кејн до овој број стигна по 24 одиграни натпревари и така го помина Дел Пиеро на кој му требаа 26 натпревари и Ван Нистелрој на кој му беа потребни 27 натпревари за да дојде до оваа бројка.

На Филипо Инзаги му беа потребни 28 натпревари, а листата од првите пет играчи кои успеале да го постигнат ова ја затвора Марио Гомес на кој му беа потребни 32 натпревари за да дојде до 20 погодоци.