Одличниот Надал во финалето во дубл


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанецот Рафаел Надал и Марк Лопез се пласираа во финале на ОИ во дубл конкуренција.

Тие во полуфиналето ги победија седмите носители, Канаѓаните Васек Поспишил и Даниел Нестор со 7:6 (1) и 7:6 (4). Мечот траеше да часа и четири минути.

Тие во петок во борба за златен медал ќе се сретнат со Романците Флоријан Маргеа и Хориа Текау кои беа подобри од американскиот пар Стив Џоннсон/Џек Сок (6:3, 7:5.

Надал синоќа требаше да излезе на терен и во микс дубл со Мугуруза, но Шпанеците го предадот мечот на Чесите Радек Степанек и Лусие Крадецка.

Да потсетиме, некогашниот најдобар тенисер на светот вчера се пласираше во четвртфиналето во синг конкуренција со победата против Жил Симон 7:6 (5) и 6:3 и во петок за место полуфиналето ќе игра со домашниот претставник Томаш Белучи.