Одличниот Португалец стигнува на Гудисон?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роналд Куман не се шегува, спремен е да издвои голема сума на пари на уште едно засилување.

Куман планира големи работи со Евертон во тоа нема сомнеж.

Новиот газда во клубот внесе финансиска стабилност, и се чини дека Карамелите ќе успеат и да ги задржат своите најдобри играчи.

Можеби ќе замине Џон Стоунс, но наместо него може да стигне стопер на Наполи, па така ќе „преживеат“.

Сега на мета на клубот е играчот за врска на лисабонски Спортинг Виљијам Карваљо.

Португалецот веќе некое време на „радар“ е на  голем број на европски клубови.

Има 24 години, ја покрива позицијата последен играч за врска и централен играч за врска, а во минатата сезона во Лига Сагреш одигра 27 мечеви за лисабонските Лавови и два пати за тоа време се запиша во листата на стрелци.

Беше дел од селекцијата на Португалија, која неодамна ја освои титулата шампион на Европа, а на самиот шампионат дресот на репрезентацијата го облече во пет наврати (сите пет во стартните состави).

Ги помина сите млади селекции на Португалија, а освен Спортинг играше и за нисколигашот Фатима година дена како позајмен играч од вицешампионот на Португалија.

Наводно токму тој клуб од Ливерпул е спремен да понуди 30 милиони фунти за услугите на младиот играч за врска, а како што јавува Дејли Мирор Роналд Куман се надева дека оваа понуда ќе ги одбие останатите конкуренти во трката за потпис на младиот Карваљо.

Наводно покрај Евертон најголем интерес за услугите на дефанзивниот играч за врска покажаа Лестер Сити, Наполи и милански Интер.