Одредени шеширите за ждрепката од групната фаза во ЛШ ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ) беа комплетирани синоќа и познати се 32 учесници во групната фаза на најелитното клупско натпреварување.

Ждрепката ќе се одржи денеска, а во ЛШ ќе има дури пет дебитанти. Краснодар е во третата група, додека во четвртиот шешир се Рен, Ференцварош, Башакшехир и Мидтјиланд.

Прв шешир: Реал Мадрид, Севиља, Баерн Минхен, ПСЖ, Ливерпул, Јувентус, Зенит и Порто

Втор шешир: Барселона, Атлетико Мадрид, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Борусија Дортмунд, Шахтер, Ајакс и Челси.

Трет шешир: Интер, Лацио, Аталанта, Лајпциг, Динамо Киев, Краснодар, Салцбург и Олимпијакос.

Четврт шешир: Рен, Ференцварош, Башакшехир, Борусија Менхенгладбах, Марсеј, Клуб Бриж, Мидтјиланд и Локомотив Москва.