Одржан дуел со најмногу удари во историјата во тешка категорија (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Полјакот Адам Ковнацки ја продолжи победничката серија (20-0) со триумфот против легендарниот Крис Ареола, а мечот донесе навистина спектакуларен бокс.

Двајцата боксери влегоа во историјата, откако имаа најмногу удари во историјата на тешката категорија, а бројките се следни.

Во 12. рунда на мечот Ковнацки испрати 1.047 удари, а погоди 369, додека Ареола испрати 1.125 удари, а погоди „само“ 298.

Иако Ареола испрати повеќе удари, сепак полскиот боксер беше попрецизен, а неговите удари направија голема штета.

Двајцата судии борбата ја бодуваа со 117-111, додека третиот му даде победа на Полјак со резултат 118-110.

Ковнацки така ја даде својата кандидатура за напад на некоја од титулите, а тоа сигурно ќе се случи наскоро.