Официјално: Адеми се пресели во Пекинг Гуан


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми по 13 години го напушти Динамо Загреб и потпиша за Пекинг Гуан од Кина.

Адеми денеска официјално беше претставен како најново засилување на кинеската екипа, а ќе го носи дресот со број 45.

Македонскиот фудбалер потпиша тригодишен договор со кинескиот гигант, според кој ќе заработува по 1,65 милиони долари по сезона, а ќе дебитира на средината на април, кога ќе почне новата сезона.