Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Вардар со пораз од Монпелје (27:31) ги заврши настапите во групната фаза од Лигата на шампионите.
Вардарци како шестопласирани ќе играат во осминафиналето во Лигата на шампионите каде за противник веројатно ќе го имаат тимот на ПИК Сегед.
По натпреварот во „Јане Сандански“, тренерот на Вардар, Стевче Алушовски потврди дека од понеделник во тимот ќе се приклучат искусниот голман Борко Ристовски, како и младиот Марко Мишевски кој ќе биде повратник во тимот по кратката авантура во Франција.
Со нив двајца ќе се затвори ростерот, па тоа ќе биде тимот кој ќе продолжи во осминафиналето од ЛШ, како и во СЕХА лигата и македонскиот шампионат.