Официјално: Арсенал потпиша со Габриел Жесус!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскиот напаѓач Габриел Жесус денеска потпиша за Арсенал, каде што доаѓа од Манчестер сити кој претходно се засили со Ерлинг Халанд.

Жесус имаше неколку интересни понуди, но сепак на крајот реши да се пресели во Арсенал за кој смета дека е идеална дестинација за неговата иднина.

Арсенал за неговиот трансфер плати 50 милиони евра, а новиот напаѓач веќе го избра дресот со број девет во лондонскиот тим.

Заминувањето на Жесус го потврдија и „граѓаните“ преку официјалната страна и му се заблагодарија за соработката.

Овој 25-годишен напаѓач стигна во Манчестер пред пет сезони од Палмеирас, а исто така потпиша договор со Арсенал со 2027 година.