Официјално: Челси доби „не“ од Амстердам, па се засили со фудбалер на Јувентус!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот тренер Томас Тухел има причини зошто да биде среќен бидејќи Челси во последниот ден од преодниот рок го договори Пјер-Емерик Обамејанг, а потоа и Денис Закарија од Јувентус.

Челси се обиде да го купи Едисон Алварез за 50 милиони евра, но Ајакс не ја прифати понудата, па „сините“ немаа време за губење и веднаш тргнаа по Закарија.

Спортскиот новинар Фабрицио Романо објави дека Јувентус ја прифатил понудата на Челси, па Закарија доаѓа во Лондон на позајмица со опција да биде откупен на крајот на сезоната.

Јувентус веќе се засили со неколку фудбалери, па немаше простор за игра за Закарија и сега е добие одлична шанса да се покаже во тимот на Тухел.