Официјално: Дани Велбек пронајде нов клуб и продолжува во Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Арсенал, Дани Велбек кариерата ќе ја продолжи во редовите на Вотфорд.

Напаѓачот кој мака мачи со повредите во текот на целата своја кариера се обврза на верност со тимот од „Викариџ Роуд“ во следните три години.

Велбек важеше за еден од најперспективните англиски фудбалери во времето кога беше во Манчестер Јунајтед, меѓутоа неговата кариера не го доби посакуваниот правец, а сега истата ќе се обиде да ја „оживее“ во тимот на Вотфорд.