Официјално: Двојна шампионка во ВНБА ѝ се приклучи на Македонија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Двојната шампионка во ВНБА, Девана Бонер од денес и официјално е член на македонската женска кошаркарска репрезентација. Бонер денес се појави на припремите во Охрид пред настапот на квалификацискиот турнир со Хрватска на 12 ноември и со Германија на 14 ноември.

Бонер со сигурност е најзвучното име во женската кошарка. Покрај двете круни во ВНБА, таа зад своето име има три настапи на олстар-викендот, а трипати беше прогласувана за најдобар шести играч во најсилната женска кошаркарска лига.