Официјално: Јован Попзлатанов го засили Вардар!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најтрофејниот македонски тим Вардар го потврди второто засилување ова лето, откако потпиша договор со Јован Попзлатанов кој доаѓа од екипата на Македонија Ѓорче Петров.

Вардар претходно го ангажираше Симеон Христов од редовите на Работнички, а сега доби големо засилување за нападот во следната сезона.

Попзлатанов играше за Вардар од 2018 до 2021 година, а во минатото го носеше дресот и на РФС, Пелистер и Тетекс, додека за Македонија ЃП минатата сезона одигра 31 меч и запиша четири гола и девет асистенции.