Официјално: Левандовски го облече дресот на Барселона! (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каталонскиот гигант Барселона потврди дека потпишал договор со Роберт Левандовски, кој долго време се обидуваше да го напушти Баерн Минхен и на крајот успеа во својата намера.

Барселона за неговите услуги ќе плати 45 милиони евра плус пет милиони евра низ бонуси, а Полјакот потпиша договор на три години и има откупна клаузула од 500 милиони евра.

Каталонците вечерва потврдија дека Левандовски е нивно ново засилување, а главна задача ќе му биде да помогне во враќањето на тронот.

Полскиот напаѓач со Баерн во претходните осум години освои сè што можеше и постигна 344 гола во 375 настапи.