Официјално: Ливерпул го ангажираше првото летно засилување (ФОТО)


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Ливерпул се засилува пред почетокот на новата сезона, во која ќе се обиде да ја освои титулата во Премиерлигата, па денеска го потврди трансферот на талентираниот стопер од Зволе, Сеп ван ден Берг.

Младиот стопер потпиша повеќегодишен договор со „црвените“, а за него се смета дека е инвестиција за иднината на клубот.

„Ова е одлчно чувство. За мене Ливерпул е најголемиот клуб во светот и сонот ми се исполни. Видов многу фудбалери од академијата дека заминуваат тука. Тоа е неверојатно, посебно кога тоа го прави еден голем клуб. Секако, тренерот е одличен човек и една од главните причини поради која тие се успешни. Мислам дека ова е најдобро место за мој напредок“, вели Ван ден Берг.