Официјално: Пелистер иако е прв го промени тренерот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако е Пелистер прв во втората лига на запад направи промена на тренерската позиција.

Дарко Крстевски повеќе не е тренер на битолскиот клуб, а на негово место доаѓа Зоран Штерјовски.

Во минатата сезона малку недостасуваше Крстевски со Пелистер да се избори за бараж во втората лига, додека оваа се лидери и имаат само два порази.

И покрај ова Пелистер одлучи да направи промена и клубот во наредниот период од сезоната ќе биде предводен од Штерјовски.

Дебито ќе го има уште во среда кога Пелистер ќе игра во Купот на Македонија против Работнички во Скопје.

Во втората лига – запад Пелистер е прв со два бода повеќе (20) од Лабуништа (18) три од Влазерими (17).

Следниот викенд во првенството Пелистер го очекува натпревар на домашен терен против Скопје.

Фото: ФК Пелистер