Официјално: Покетино седна на кормилото на ПСЖ, задача ќе му биде да ја освои ЛШ!

Аргентинскиот стратег Маурицио Покетино официјално го презема ПСЖ, откако неодамна Томас Тухел заработи отказ од тренерската позиција на францускиот првак.

Покетино играше во ПСЖ од 2000 до 2003 година, а притоа постигна шест голови на 95 настапи. Во тренерската кариера предводеше тимови како Саутемптон, Еспањол, како и Тотенхем, кој му беше последна работа.