Официјално: Расел од следна година ќе вози за Мерцедес!


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Валтери Ботас вчера потпиша договор со Алфа Ромео и на крајот на сезоната го напушта Мерцедес, каде што од следната сезона друштво на Луис Хамилтон ќе му прави 23-годишниот Џорџ Расел.

Возачот на Вилијамс од следната сезона ќе седне во болидот на Мерцедес. Расел од Формула 1 е дел веќе три години, а зад воланот на Вилијамс го покажа својот голем талент.

И покрај тоа што болидот на Вилијамс важи за еден од најбавните во шампионатот, Расел во квалификациите за Големата награда на Белгија оваа сезона го освои второто место. Инаку, тој е дел од академијата возачи на Мерцедес, па се очекуваше еден ден добие шанса.

Ќе потсетиме минатата сезона Британецот го возеше болидот на Мерцедес кога го замени Хамилтон кој беше позитивен на Ковид-19.