Официјално: Реал Мадрид потпиша петгодишен договор со Давид Алаба!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид почна со ремонтот на екипата, откако пред неколку дена го отпушти тренерот Зинедин Зидан, а денеска поранешниот шампион потврди дека го ангажирал Давид Алаба.

Алаба пристигнува како слободен играч од Баерн Минхен, со кој му заврши соработката на крајот на сезоната и не сакаше да ја продолжи бидејќи не можеше да се договори со германскиот тим.

Репрезентативецот на Австрија потпиша соработка до 2026 година според која ќе заработува по 12 милиони евра годишно и сигурно ќе биде големо засилување за „кралевите“ за следната сезона.