Официјално: Салах нема да настапи против Барселона! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампиони загуби со 0-3 од Барселона, па сега го очекува реваншот на „Енфилд“.

Сепак, тренерот Јирген Клоп се наоѓа во големи проблеми затоа што неговата најголема ѕвезда Мохамед Салах се повреди и нема да игра во реваншот.

Салах се повреди во мечот против Њукасл, па остана да лежи на теренот по судирот со противничкиот голман, а на крајот мораше да биде пренесен во болница, зашто се сомневаа дека доживеал мозочен удар.

Денеска лошите вести ги потврдија од Ливерпул, па дефинитивно Салах нема да настапи на мечот.

Да потсетиме, мечот меѓу Ливерпул и Барселона се игра со почеток во 21 часот.