Официјално: Вардар се засили со Гурбиндо!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар и официјално го потврди ангажманот на Едуардо Гурбиндо, чија преселба во македонскиот и поранешен европски првак се најавуваше веќе со недели.

Десниот бек на Шпанија и поранешен колега на Кире Лазаров е нов ракометар на Вардар 1961 и ќе му се приклучи на тимот во текот на летната пауза, а со „црвено-црните“ потпиша договор за следните три години.

Гурбиндо доаѓа од екипата на Нант со која настапува во лигата на шампиони, а притоа има богата спортска кариера и ја има освоено Лигата на шампиони со тимот на Барселона во сезоната 2014/15.

Шпанскиот репрезентативец Едуардо Гурбиндо е нов член на Вардар1961 Десниот бек на шпанската репрезентација и член на…

Posted by RK Vardar 1961 on Tuesday, March 16, 2021