Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Долго време се најавуваше, а конечно доби и потврда. Александар Васоски ја продолжи тренерската кариера во Академија Пандев и го напушти Вардар.
Васоски повеќе немаше сила да се бори со кризата во Вардар, но и покрај неколку понуди од странство, тој реши да работи во Струмица и да ја предводи Академија Пандев, со која договори соработка на една ипол година.
Со оглед на ситуацијата во која се наоѓа струмичкиот тим на табелата во ПМФЛ главна цел на популарниот „Тетовче“ ќе биде опстанок во првата лига.
На клупата на Академија Пандев Васоски доаѓа на местото на Југослав Тренчовски.