Официјално – Арсенал го доведе и четвртото засилување


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Нигерискиот фудбалер и официјално е нов фудбалер на Арсенал.

Репрезентативецот на младата репрезентација на Нигерија, Келечи Нвакали и официјално е нов фудбалер на Арсенал.

Ова момче импресионираше на СП, повлече големо внимание кон себе, но вечниот ловец на талентите, Арсен Венгер беше побрз од сите.

Тој на Твитер се пофали со потписот за Арсенал со порака сега стартува пеколната работа.

Нигериецот е офанзивец и роден е 1998-ма година.

Се очекува Нвакали прво да оди на позајмица за да стекне искуство и сила за да игра во ПЛ.

Тој е четвртото засилување на Арсенал после Гранит Чака, Такума Асано и Роб Холдинг.