Официјално: Черишев го промени клубот

Рускиот фудбалер, Денис Черишев, ги засили редовите на Виљареал.

Черишев до сега беше член на Реал Мадрид, но “Кралевите” го испраќаа на позајмици. Позајмен беше во Севиља. па во Виљареал, а минатата сезона настапуваше за Валенсија.

Сега тој ќе се врати во Виљареал, а “Жолтата подморница” за неговите услуги плати седум милиони евра.
Тој со Виљареал потпиша петгодишен договор, а Реал има право на процент од негов евентуален следен трансфер.

Русиот кој има 25 година поради повреда не отпатува со својата репрезентација на Европското првенство во Франција.