Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот бразилски дефанзивец, Дани Алвеш и официјално е нов член на италијански Јувентус.
Алвеш потпиша двегодишен договор со Јувентус, а истиот има опција за продолжување на уште една.
Бразилецот поради се што направи со Барселона важи за еден од најдобрите бекови во светот, а “Старата дама” го доведе бесплатно, откако му истече договорот со каталонците.
Алвеш има 33 години, кариерата ја започна во локалниот бразилски клуб Бахија, а од Бразил во 2002 година замина во Шпанија.
Настапуваше за Севиља од каде што премина во Барселона.