Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Трансферот на 19-годишниот напаѓач ќе ги чини нешто помалку од 10 милиони евра!
Резервирано за клубови како Порто или Удинезе. Специјализирани за „препродажба“ на играчи. Манчестер Сити очигледно се реши да го избрка посредникот и сам затропа на вратата на колумбискиот пазар. Им ја отвори Марлос Морено, 19-годишниот напаѓач на Атлетико Насионал, кој потврди дека суперталентираниот напаѓач е продаден на Граѓаните.
Според медиумските натписи целата зделка е вредна околу 10 милиони евра колку што Сити ќе плати на име оштета. Самиот играч ќе добие петгодишен договор, но во првата сезона ќе ја помине на калење во Депортиво од Ла Коруња.
За тинејџерот од Медељин, кој веќе позади името има седум натпревари за А репрезентацијата на Колумбија, наводно се интересираше и Манчестер Јунајтед, поради тоа што настапите на Морено на Копа Америка не поминаа незабележани.
Навивачите на Сити така во следната сезона секако малку ќе фрлаат око на Риазор. За да видат колку голови ќе има со презимето Морено.