Официјално –  И Вотфорд доведе големо засилување!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Вотфорд го доведе напаѓачот на Андерлехт.

Италијанскиот интернационалец Стефано Окака е нов член на Вотфорд поради тоа што денеска потпиша договор на пет години.

Окака позади себе има одлична сезона во која постигна 17 погодоци и се врати во старата форма и привлече внимание на Валтер Мацари кој го познава од Серија А.

Окака е дете на Рома, но во првиот тим на Волчицата одигра само 34 меча во период од 2005 до 2012 година.

Во текот на тој период отиде на многу позајмици во Модена, Бреша, Фулам, Бари и Парма, а во сезоната 2014/15 играше за Сампдорија од кој отиде во Андерлехт во минатото лето.

Окака има 27 години, одигра четири меча за репрезентацијата на Италија и постигна еден погодок.