Официјално: Милан е продаден, сега треба паметно да се вложат 400 милиони !


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Силвио Берлускони потврди, Милан е продаден на кинески инвеститори.

Првиот човек на Росонерите ја напушти болницата поради здравствени проблеми и на новинарите потврди дека Милан ќе добие нов сопственик.

„Го продадов Милан, но сакам 400 милиони евра на засилувања“, рече Берлускони кој поголем дел од акциите ги продаде на кинески инвеститори.

„Го дадов Милан на луѓе кои можат да го вратат таму каде што припаѓа – во врвот на италијанскиот, европскиот и светскиот фудбал. Имам гаранција дека во наредните две години ќе се вложат 400 милиони евра во засилувања и формирање на нов шампионски тим“, рече Берлускони.

Во игра се многу имиња, навивачите се надеваат дека доаѓање на Кинезите ќе значи и доведување на Матео Ковачиќ и Марко Пјаца, но ќе видиме во наредните денови со кого Милан ќе се поврзува.