Официјално – Ова е билансот од преодниот рок во Реал?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Неверување, се чини ова никогаш не се случило…

Реал нема да купува во преодниот рок, ништо од „Галактикоси“, ако не го сметаме враќањето на Мората после две години во Јувентус.

Отиде Хесе во Пари Сен Жержен, ново лице е повратникот Асенсио кој здоби довербата на Зидан, но и втор план ги стави Иско и Џејмс Родригез. Се очекуваше еден од нив да замине, но ништо од тоа.

Арбелоа премина во Вест Хем, можеби Коентрао да оди до крајот на денот во Интер, но засилувања нема да има.

„Овој тим е невозможно да се подобрува. Не ни треба никој, го освоивме Суперкупот на Европа, ги добивме првите два меча во шампионатот. Ни остануваат овие играчи, доволно е. Имам неограничена доверба во Зидан и во неговите проценки“, рече Флорентино Перез.

Зидан наводно го сакаше Погба, но Перез не сака да работи со Раиола, не успееја да го доведат Обамејанг, но не продадоа никого од важните играчи. Ковачиќ останува, иако Касемиро избори место во тимот, потполнети се на сите позиции, за место во нападот ќе се борат Мората и Бензема.

Не личи на Флорентино Перез, ова е веројатно најтивкиот преоден рок во поновата историја на Реал.

Од друга страна, што ако поради суспензијата не можат да купуваат во наредните 18 месеци?