Официјално: Пјаца во Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Марко Пјаца стигна во Торино, каде што ги помина лекарските прегледи, а потоа и официјално е претставен како ново засилување на Јувентус.

Само 12 часа после што се прости од Динамо и навивачите на хрватскиот шампион, Пјаца стигна во Торино на медицински прегледи. Пред влезот на болничкиот комплекс го дочекаа шеесетина навивачи на Јувентус, и пишаа “Хина“.

Според информациите кои доааѓаат од повеќе извори, поранешниот напаѓач на Динамо со Јувентус потпиша петгодишен договор кој на репрезентативецот на Хрватска ќе донесе заработка од 1.8 милиони евра.

Јувентус, според наводите на медиумите, плати околу 22.5 милиони евра оштета, со што Пјаца стна најскапо платен играч кој отиде од првата хрватска лига.

Пјаца во петок ќе се приклучи на екипата на подготовките во Австралија.