Официјално: Реал Мадрид го враќа Алваро Мората


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Се е готово, Шпанецот ќе се врати во Реал Мадрид, но многу веројатно нема да настапува за шпанскиот гигант следната сезона.

“Кралевите” ќе ја искористат опцијата да го вратат Мората за 30 милиони евра.

“Реал Мадрид не извести дека ќе ја искористи опцијата за да го откупи договорот од Мората. Во наредните денови трансферот ќе биде официјализиран“– изјави Марота, спортскиот директор на Јувентус.

Според последните информации Реал има намера да го врати Мората и да го продаде за 75 милиони евра.