Официјално: Ванијама е нов играч на Тотенхем


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Виктор Ванијама е првото засилување на Тотенхем во летниот преоден рок.

Довчерашниот играч за врска на Саутемптон потпиша петгодишенј договор со клубот од Вајт Харт Лејн, а висината на трансферот е околу 11 милиони фунти, пренесуваат медиумите.

Репрезентативецот на Кенија така доби шанса за повторно да соработува со менаџерот Маурисио Покетино, кој го 2013 година го доведе во ПЛ во од Селтик.

Тој во претходните три сезони забележа 97 настапи за Саутемптон, а за борбеноста на 24-годишниот играч најдобро зборува податокот дека во минатата сезона доби дури три црвени картони.

Сигурно е дека Ванијама дополнително ќе ја засили конкуренцијата во средниот ред на Спарси, поради тоа што на неговата позиција веќе играат одличните Муса Дембеле и Ерик Дајер.